Свет

Свлечиште, а не земјотрес, ги предизвикало разорните поплави во Непал

Свлечиште, а не земјотрес, ги предизвикало разорните поплави во Непал

Свлечиште, а не земјотрес, ги предизвика ненадејните поплави во Непал, утврди Американскиот геолошки завод (USGS). Иако настанот првично беше регистриран како земјотрес со магнитуда од 4,4 степени, новата анализа покажа дека вистинската причина е свлечиште.

„Дополнителната анализа на долгопериодични сеизмички бранови покажува дека сеизмичката енергија всушност е генерирана од свлечиште“, соопшти USGS во појаснување на својата првична класификација.

Новите податоци ги корегираат првичните информации од Непал. Министерот за надворешни работи на земјата претходно му рече на парламентот дека првичните податоци укажуваат на земјотрес. Според тие информации, земјотресот требало да предизвика свлечиште, кое потоа предизвикало разорни поплави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни