Македонија

Автобуски картички нема ни за лек, граѓаните се жалат, ЈСП без одговор

Марија дојде за да извади електронска картичка за градски превоз. Вели дека веќе неколку дена „шета“ по скопските шалтери, но картички нема. Јавното сообраќајно претпријатие сѐ уште ги нема снабдено продажните места со автобуски картички за граѓаните. 

За да се увериме дека нема картички, повторно посетивме едно продажно место.

За проблемот со електронските картички, граѓаните алармираа пред речиси еден месец. Пред Нова година, од ЈСП за ТВ21 рекоа дека на почетокот на јануари ќе бидат обезбедени нови 250 илјади картички. Нашата редакција денеска контактираше со ЈСП, но одговор за ова прашање, сѐ уште не добивме.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни