Авторката на „Хари Потер“ не престанува да го коментира настапот на Лук Блек на Евровизија: И се допадна поради една работа

Победник на 67. Избор за песна на Евровизија е Шведска, која ја претставува Лорин со песната „Tattoo“.

Репрезентативецот на Србија, Лук Блек, освои вкупно 30 поени и се најде на 24. место, од вкупно 26 земји кои успеаја да се пласираат во финалето на ова натпреварување.

Сепак, неговиот настап не остана незабележан, многумина го коментираа на социјалните мрежи. Меѓу сите овие луѓе е и познатиот писател Џ. К Роулинг која не криеше дека и се допадна репрезентативката на Србија.

Таа неколку пати на Твитер коментираше за Лук Блек и неговата песна „Само ми се спие“.

„Ох, ми се допадна Србија. Сакам расположени момци со молив за очи“, напиша писателката.

Да потсетиме, синоќа контроверзната авторка на „Хари Потер“ одговори на објава на Твитер, каде Лук Блек го споредуваат со лик од нејзините дела „Ink Black heart“, готска креација која се занимава со вампири.

“Тоа е точно. Затоа ми се допадна толку многу“, напиша Ролинс како одговор на Твитер.