Азербејџански МИГ падна во Каспиското Море, пилотот исчезна

Авион на азербејџанското воено воздухопловство МИГ-29 синоќа се урнал во Каспиското Море, а пилотот се води како исчезнат, соопшти денеска азербејџанската армија.

Се вчитува...

Во тек е потрага по пилотот, а Министерството за одбрана формирало комисија која ќе ја истражи несреќата.

Армијата соопшти дека авинот, кој бил на тренажен лет, синоќа одеднаш исчезнал од радарите.

Извор: Сител телевизија