Портпаролот на локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир, Сабри Азири, денеска го обвини кандидатот за градоначалник од ДУИ, Бујар Османи, и неговата партија за директна одговорност за „мизерната состојба со чистотата“ во Скопје, а особено во Чаир. Според Азири, наместо да се грижат за општината, кадрите на ДУИ со години го саботирале ЈП „Комунална хигиена“ и го претвориле во извор за злоупотреби со милионски тендери.
„Кандидатот за градоначалник, Бујар Османи, деновиве излегува пред жителите како загрижен родител и како индигниран лекар за нечистотијата. Но, граѓаните на Чаир треба да ја знаат вистината, за состојбата со нечистотијата е одговорна токму партијата на Османи и нејзините кадри“, изјави Азири.
Тој посочи дека само од јануари годинава, „Комунална хигиена“ склучила договори вредни над 1,4 милиони евра, од кои 422 илјади евра за сервисирање на возила, 276 илјади евра за гуми и 253 илјади евра за канти за отпадоци.
„И покрај тоа, реалноста е сосема поинаква: Скопје, а особено Чаир, се дави во ѓубре“, рече Азири.
Азири обвини дека тендерите се користеле за збогатување на партиски семејства, посочувајќи го како пример договорот од 12.000 евра за „интелектуални услуги“ со фирмата „Хели Консалт“, во сопственост на синот на Блерим Беџети.
„Затоа, денес јасно му велиме на Бујар Османи: Им должите објаснување на жителите на Чаир. Како е можно да се потрошат 1,4 милиони евра… а возилата да бидат во ваква скандалозна состојба? Не е доволно да се игра улога на загрижен лекар кога сте самите дел од проблемот“, порача Азири, додавајќи дека на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност да го исчистат градот не само од отпадоци, туку и од оние кои со години го користеле за тендери и политички придобивки.
Читај и ова:
- 1.Претставена апликацијата m.uslugi: Личната карта и сите услуги на вашиот мобилен телефон
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 4 октомври 2025 година
- 3.Девојка од Охрид нападната на работно место: Полицијата трага по напаѓач кој подолго време ја вознемирувал
- 4.Македонски државјанин најверојатно загинал во Белград додека правел бомба: Целта била ликвидација на нарко-дилер, тврдат српските медиуми
- 5.ДУИ со остри обвинувања: „Северна Македонија се лизга кон статус на „трета српска република“, Мицкоски и ВЛЕН се алатки на „Српскиот свет“