Македонија

Бадникова вечер кај семејството на Мицкоски: „Мајка ми го приготви лепчето, а Рози трпезата“

Бадникова вечер кај семејството на Мицкоски: „Мајка ми го приготви лепчето, а Рози трпезата“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук, сподели дел од атмосферата со неговото семејство за бадниковата вечер.

Семејството е најсилниот темел зад секоја борба и секоја победа. Заеднички труд за целта во која верувате, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мајка ми го приготви лепчето, а Рози трпезата. Татко ми задолжен за кршење на бадниковото лепче, паричето падна кај Јован, а Антониј е најрадосен
Радувајте се на малите работи кои имаат големо значење за нашите животи. Христос се роди! Навистина се роди“, се вели во објавата на Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни