Американскиот претседател Џозеф Бајден побара од американските разузнавачки агенции да ги удвојат своите напори во истрагата за потеклото на Ковид-19 и да извршат притисок врз Кина за соработка. Бајден вели дека досега е направено малку за да се најдат целосни одговори за потеклото на вирусот. Службите имаат на располагање 90 дена.
– Нашето гледиште е дека мора да се оди до крај со ова и исто така овој процес мора да биде транспарентен од страна на НР Кина. За тоа потребен ни е СЗО да асистира, не чусвтвуваме дека тоа во моментот го имаме. Мора да стигнеме до крајот на ова, независно каков би бил одговорот изјави Енди Славит, Сениор Советник во Одделот за Ковид при Белата Куќа –
Заедничкото истражување на Кина и СЗО објавено во март покажа дека е малку веројатно вирусот да протекол од лабораторија и најверојатно се проширил од лилјаци на луѓе преку сè уште неидентификуван посреднички вид.
– Некои луѓе во САД шират теории на заговор и дезинформации како што е лабараториската грешка. Ова е многу несериозен пристап кон научниот дух и наодите од истражувањето на експертскиот тим на СЗО, кој ја поткопува глобалната солидарност во борбата со вирусот реагира кинеското министерство за надворешни работи.
Пандемијата почна во Кина кон крајот на 2019 година а потоа се прошири ширум светот убивајки над 3 милиони и 500 луѓе.