Бајден ги ублажи казните за 2.500 лица осудени за ненасилни прекршоци за дрога

Американскиот претседател Џозеф Бајден помилува речиси 2.500 лица осудени за ненасилни дела поврзани со дрога, три дена пред да му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Бајден рече дека осудените „одлежале подолги казни отколку што би добиле денес според сегашните закони“ и дека неговите потези ќе ги исправат „историските неправди“.

Тој објави дека има издадено повеќе индивидуални помилувања од кој било друг претседател во историјата на САД.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното