Бајден го најави својот проштален говор: Еве кога за последен пат ќе му се обрати на светот како претседател на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе одржи проштална прес-конференција пет дена пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Како што соопшти Белата куќа, прошталното обраќање на Бајден до нацијата од Овалната соба ќе се одржи во среда, на 15 јануари, во 20:00 часот (6:00 часот по средноевропско време).

Бајден се откажа од претседателската трка во средината на кампањата, а на негово место дојде Камала Харис, која беше поразена од Трамп на изборите на 5 ноември. Ова ќе биде втор мандат на Трамп како претседател на САД.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното