Свет

Бајден упати остри обвинувања против Путин

Американскиот жител Џо Бајден ја обвини Русија за кршење на основните принципи на членството во ОН со инвазијата на Украина и рече дека Москва упатува „неодговорни“ закани за употреба на нуклеарно оружје.

Во својот говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин за започнување на неиспровоцирана војна која принуди околу 40 земји-членки на ОН да и помогнат на Украина со финансирање и оружје.

„Постојана членка на Советот за безбедност на ОН ја нападна својата соседна земја, се обиде да избрише суверена држава од картата. Русија бесрамно ги прекрши основните принципи на Повелбата на ОН“, рече Бајден.

Претходно во средата, Путин нареди мобилизација на руските трупи во Украина и упати тенко прикриена закана за употреба на нуклеарно оружје, што НАТО го нарече „непромислен чин на очај пред претстојниот руски пораз“.

„Нуклеарната војна не може да се добие и никогаш не треба да се води“, нагласи Бајден.

Тој изјави дека никој не и се заканувал на Русија, и покрај нејзините тврдења за спротивното, и дека само Москва бара конфликт.

Бајден вети дека САД ќе останат солидарни со Украина.

Белата куќа најави и дополнително финансирање од САД во износ од 2,9 милијарди долари за борба против несигурноста на храната ширум светот, што е надополнување на 6,9 милијарди долари што веќе ги додели САД оваа година.

Соединетите Држави го зголемија својот фокус на безбедноста на храната откако руската инвазија на Украина на 24 февруари ја продлабочи глобалната прехранбена криза веќе поттикната од климатските промени и пандемијата СОВИД-19.

ОН известуваат дека конфликтот оставил уште 47 милиони луѓе во „акутен глад“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни