Бакрачевски: Беше успешен, беше впечатлив – за жал на сите нас, заврши пребрзо

Поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачевски попладнево се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“ по ненадејната смрт на Јован Стојаноски.

„Го познавав Јован уште од детство. Ги делевме школските клупи во исто основно и средно училиште. Бевме и комшии и долгогодишни пријатели. Го дочекав во градоначалничкиот кабинет при примопредавањето на функцијата. Имавме мошне срдечен разговор. Си спомнавме за многу моменти од детството и младоста. Му посакав успешен градоначалнички мандат. И беше успешен. И беше впечатлив. За жал на сите нас, заврши пребрзо . Но беше успешен и во својата професија како професор , а и како советник во градскиот совет. Својата одмереност, ненаметливост и внимателнист ја споделуваше и пренесуваше на охриѓани како универзална човекова вредност. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални општествени вредности. Охрид и охриѓани изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.

Се вчитува...

Почивај во мир мој пријателе.
Твоите дела ќе траат вечно.

По повод смртта на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и до граѓаните на Охрид“, напиша на Фејсбук – Никола Бакрачески – поранешен Градоначалник на Охрид.

Извор: ТВ21