Свет
17,279,197
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
770
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
5,497
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
150,440
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15

Балканот им вели на Меркел и на Макрон дека се против поделбата на Косово!

„Што мислите вие за поделбата на Косово и колку може да влијае тоа врз стабилноста на вашата земја и регионот?! “ – вакво прашање им беше поставено на шесте балкански држави кои беа поканети од Германија и Франција во Берлин, во понеделник, дознава #ТВ21!

„Најголема загриженост за промената на границите на Косово и Србија имаше кај Германија, додека Франција беше порезервирана“ – раскажуваат за #ТВ21 дипломатски извори кои беа присутни на самитот во Берлин, предводен од канцеларката Ангела Меркел и претседателот, Емануел Макрон.

Друг владин извор во Скопје, за #ТВ21 вели дека „Приштина и Белград ќе седнат да преговараат без услови и дека таксата (таксата од 100% за српски продукти кои се увезуваат во Косово) може да се укине откако странките ќе се вратат на дијалогот“!

Американците во овој „Нов дијалог“ кој го разгледуваат Германија и Франција, не се вклучени во почетната фаза, а Македонија гледа дека е „додадена вредност“ за регионот!

„Ние како Македонија кажавме дека не можеме да добиеме датум за сите тие работи кои ги завршивме, тогаш и другите земји од регионот доближувањето кон ЕУ ќе го гледаат како нешто безвредно, бидејќи недостига наградувањето за трудот и постигнатиот успех од земјите аспиранти“ – велат за #ТВ21 извори од Владата во Скопје.

The post Балканот им вели на Меркел и на Макрон дека се против поделбата на Косово! appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21