Македонија

Барањето стигна во Собрание – утре ќе се расправа за имунитетот на Вељаноски

Во текот на утрешниот ден треба комисијата за мандатно имунитетни прашања да расправа по барањето од скопскиот Кривичен суд за симнување на мандатот на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

Денеска Кривичен го испрати барањето до Собранието, но поради повикување на погрешен член, Џафери барањето го врати назад во Кривичен од каде испратија ново барање.

До сега комисијата симна имунитет на двајца пратеници, Никола Груевски и Љупчо Димовски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни