„Барби“ стана филм со најголема заработка во 2023 година со 1,3 милијарди долари

„Барби“ стана филм со најголема заработка во 2023 година еден месец откако беше прикажан во кината.

Блокбастерот во кој глумат Маргот Роби и Рајан Гослинг го надмина филмот Супер Марио Брос на глобалниот бокс офис. Variety во саботата откри дека филмот до сега заработил вкупно 1,36 милијарди долари од неговото прикажување во јули.

На почетокот на неделава беше откриено дека овој филм стана и филм со најголема заработка во историјата на Warner Bros.

Филмот, во кој Марго Роби го игра главниот лик и Рајан Гослинг како нејзиниот дечко Кен, го собори рекордот поставен од Хари Потер и Реликвиите на смртта 2 од 2011 година, кој заработи 1,31 милијарди долари.

„Барби“ сигурно ќе добие уште поголема заработка кога ќе биде објавен на IMAX на 22 септември.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното