Воз со 150 патници, излета од шините во близината на Барселона, по што едно лице загина, а околу педесетина се со повреди.
Несреќата најверојатно била предизвикана од одрон кој се случил во близината на местото Вакариес.
На местото на несреќата стигнаа екипи на брзата помош и пожарникарите кои ги извлекуваа преживеаните од оваа несреќа.