Македонија

Базна станица на 30 метри од градинка, жителите со петиција да се спречи изградбата

На 30-тина метри од градинката „Стапалче“ и училиштето „Круме Кепески“ во О. Кисела Вода во Скопје, се гради базна станица, која за жителите е  закана по нивното здравје. Покрај жалбата која што ја поднеле уште во 2016-та година кога  било најавено дека ќе се гради, пред десетина дена поднеле повторно и петиција до општината за  да се спречи изградбата.

„Базната станица почна да се гради пред 10-тина дена. Видовме мајстори дали од ВИП дали од приватна фирма не е битно кој., дека нешто се гради на куќата каде е изградена.Мислевме дека човекот си гради, негова работа, но кога видовме наликуваше на базна станица“, вели еден жител.

„Се гледа колку  е оддалечена базната станица од мојата куќа. Се на се има по планот шест метри. Дури децата стравуваат, викаат ако се пушти базнаат станица ние нема да спиеме тука“, додава друг.

Градоначалникот Темелковски за ТВ21 вели дека дозволата е издадена уште пред да дојде тој на функција, но ќе ги разгледа сите правни можности да се поништи решението.

„Како општина ги гледаме сите законски можности да се поништи одобрението. Одобрението е издадено 2016 година од нашата општина. Училиштето и градинката кои се таму имаат поднесено жалба до второстепена комисија.За жал после две години се одбиени жалбите. По автоматизам ние треба да ставиме правосилност на самото одобрение за градење. Во овој момент ги разгледуваме сите правни можности како да се поништи тоа решение“, вели Филип Темелковски – градоначалник на Општина Кисела Вода.

Жителите најавуваат протест доколку  не се стопира изградбата. Стравуваат од негативните ефекти, покрај загадувањето на ова гледаат и како дополнителна  опасност по нивното здравје.

РЕПОРТЕРКА : АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни