Балкан

Бебе повредено во тешка сообраќајна несреќа – итно префрлено со хеликоптер!

Бебе повредено во тешка сообраќајна несреќа – итно префрлено со хеликоптер!

Повреденото 4,5 месечно бебе од Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) од Бања Лука во Белград било успешно пренесено од припадници на хеликоптерската служба на Република Српска.

Бебето, кое во сообраќајната незгода се здоби со тешки повреди, траума на главата и скршеница на двете бутни коски, претходно од УЦК Сараево е пренесено во УЦК во Бања Лука, соопшти Хеликоптерската служба на Република Српска, пренесува Српскаинфо.

Во средата, на 25 мај, утрото е извршен воздушен медицински транспорт од Сараево до Бања Лука , додека повреденото бебе вчера било пренесено во Белград на понатамошно лекување.

Од Хеликоптерската служба објаснија дека поради сериозноста на повредите на бебето, лекарите од УЦК на Република Српска донеле одлука детето да го превезат во Белград за подобра нега и понатамошен тек на лекување.

– Вчерашниот, многу сложен и напорен воздушен медицински транспорт беше успешно извршен со успешна координација на медицинските тимови од сите медицински установи кои беа вклучени во згрижувањето на повреденото бебе и благодарение на воздухопловно-техничкиот персонал на Хеликоптерската служба – се наведува. во објавата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни