Македонија

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието на Република Северна Македонија, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани.

На средбата во рамки на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, додека новиот министер за европски прашања, Беким Сали, ја нагласи својата определба за продолжување на реформските процеси и натамошно унапредување на европскиот пат на Република Северна Македонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни