Македонија

Бектеши му ветува на Таравари – Таравари: Бектеши вети и за каменоломот во Лабуништа

Министерот за економија со нови обвинувања на адреса на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, за каменоломот во селото Чегране. Откако му вети на Таравари дека ќе го одржи зборот што го дал пред жителите на Чегране, го праша – зошто тој претходно не ги известил жителите околу надлежностите што ги има општината.

-Министерството не само што ќе стои на зборот, туку и му даде предлози на градоначалникот на Гостивар. Жал ми е што општинските служби заедно со градоначалникот на Гостивар претходно не ги информирале жителите на Чегране за ингеренциите кои ги имаат, но можеби и не знаат кои се нивните надлежности“, рече Бектеши.

ТВ21 побара став од првиот човек на Гостивар, за да го праша кои се постапките кои треба да ги следи општината.

-Општината ги знае своите постапки. Но, ги гледаме неколкуте ставови на министерот што ги изнесе во Лабуниште и тоа нѐ загрижува. И таму рече дека нема да дозволи да продолжат со работа, а сепак дозволи. Затоа велам дали ќе го одржи зборот. Тоа е многу важно-изјави Таравари.

Пред неколку дена министерот Бектеши, извести дека надлежностите за каменоломот сега се во рацете на општината. Тој на средба со жителите на Чегране рече дека доколку општината не издаде сообраќајна дозвола и сертификат за работа, каменоломот нема да почне со работа. Но, од друга страна првиот човек на Гостивар, Таравари, вети дека нема да ги издаде дозволите и дека е подготвен да плати половина од евентуалната казната доколку концесионерот одлучи да тужи. Министерот Бектеши е подготвен за изнаоѓање решение со кое нема да се оштети ниту буџетот на Владата, ниту пак на општината, во случај концесионерот да покрене тужба.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни