Македонија

Бектеши: Очекуваме зголемување на странските инвестиции во Северна Македонија

„Што се однесува до интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и Севрно-атланските структури очекуваме зголемување на странските инвестиции во земјава имајќи предвид дека тоа членство ќе донесе стабилност на земјата и поголема безбедност за секој инвеститор кој ќе одлучи да инвестира во нашата земја.“ рече министерот за економија Бектеши во емисијата 10МИНУТИ на ТВ21.

Министерот рече дека доколку се има предвид искуството на земјите членки може да се забележи дека двојно или тројно се зголемени странските инвестиции во тие земји, а истовремено расте и животниот стандард со тие инвестиции, бидејќи ја ублажуваат невработеноста и расте конкуренцијата меѓу компаниите да даваат поголема плата.

 

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни