Денеска започна на изградба на 400/110 киловолтна трансформаторска станица во Охрид со што почнува реализацијата на 400 киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.
Станува збор за инвестиција од 50 милиони евра.
„И во време на пандемија и економска криза, Владата не застанува со инвестициите во инфраструктурата, пред се во делот на енергетиката и обезбедување на енергетската стабилност во државата. Изградбата на интерконективниот далековод 400 кв ќе придонесе во делот на поврзувањето и регионалното интегрирање на енергетските пазари во регионот. Ќе ја подобри сигурноста во снабдување со електрична енергија и ќе биде новиот автопат за пренос на електрична енергија кој ќе овозможи пристап на сите економски оператори до енергнси и конкурентност на цени“, рече министерот за Економија, Крешник Бектеши.


