Бектеши задржан на информативен разговор – адвокатот тврди дека нема постапка

Адвокатот na поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој од вчера е во полициската станица во Карпош, денеска изјави дека Бектеши бил повикан на информативен разговор и дека сам се јавил по што е побарано тој да биде задржан заради понатамошно проверки. 

– Вечерва му истекува времето од 24 часа на задржување, изјави адвокатот Еленко Миланов, додавајќи дека до 14 часот во судот немало никакви известувања за некаква постапка против Бектеши. 

На прашање за кои околности е повикан Бектеши во полициска станица, Миланов рече дека засега нема правна квалификација. 

– Работата е што нема правна квалификација. Тој е повикан со покана на информативен разговор на којшто се јавил и по информативниот разговор е побарано да биде задржан за понатамошнни проверки додека Министерството провери што и како, рече Миланов.

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вчера е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното