Свет

БЕЛАТА КУЌА ОБЈАВИ СООПШТЕНИЕ: Присуствуваше и Зеленски, ова се првите детали од состанокот на Г7

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се придружи на американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Групата седум (Г7) на виртуелна средба , соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека средбата била организирана во време кога „Киев бара дополнително противвоздушно оружје по ескалацијата на ракетните напади на Москва“.

Новинската агенција „Блумберг“ објави дека лидерите на Г7 по средбата најавиле дека ќе ја поддржуваат Украина се додека е потребно, пренесува Ројтерс.

„Ќе продолжиме да даваме финансиска, хуманитарна, воена, дипломатска и правна помош и цврсто да стоиме покрај Украина се додека е потребно“, се вели во нацрт-изјавата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни