Белата куќа: САД нема да им се придружат на сојузниците на Г7 во осудата на рускиот напад на Суми

Соединетите Држави им порачаа на своите сојузници од Групата седум (Г7) дека нема да поддржат изјава со која се осудува најсмртоносниот руски напад врз Украина оваа година, бидејќи сакаат „да ги одржат преговорите со Москва на вистинскиот пат“.

Во неделата Русија истрела две балистички ракети со краток дострел врз градот Суми на североистокот на Украина за време на празничната црковна служба, пишува порталот Блумберг.

Најмалку 35 лица загинаа во нападот, а 119 се повредени, меѓу кои и деца, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното