Белгија започна истрага откако два дрона беа забележани над воена база на југоистокот од земјата, изјави денес министерот за одбрана на земјата, Тео Франкен.
Франкен во две најави на платформата X рече дека стражарите во касарна во градот Марш-ан-Фамен забележале неколку дронови како летаат над клучните делови од воената база вчера и во недела, 26 октомври, што предизвика истрага од страна на полицијата и разузнавачката агенција АДИВ, објави Ројтерс.
„Ова не беше дело на аматери, туку на вешти пилоти на дронови“, рече Франкен.