Свет
25,471,843
Вкупно активни случаи
Updated on 18/01/2021 15:12 15:12
Македонија
12,635
Вкупно активни случаи
Updated on 18/01/2021 15:12 15:12
Македонија
2,702
Вкупно починати
Updated on 18/01/2021 15:12 15:12
Македонија
73,601
Вкупно оздравени
Updated on 18/01/2021 15:12 15:12

Белгија од следниот месец приоритетно ќе вакцинира 340.000 луѓе

Од следниот месец во Белгија би требало приоритетно да се вакцинираат 340.000 луѓе, меѓу кои се здравствени работници, вработени во домовите за стари и изнемоштени лица, лицата на возраст над 65 години и оние над 45 години кои имаат специфични болести, како што се вишок на килограми, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, канцер и друго.

Дополнителни 210.000 граѓани ќе можат да се вакцинираат од февруари, а 620.000 од март 2021 година, објавија белгиските медиуми, повикувајќи се на Националната стратегија за вакцинација.

loading...

Белгија, која има околу 11,5 милиони жители, веќе има порачано 22,4 милиони дози на вакцини против Ковид-19, и тоа најмногу од компаниите АстраЗенека (7,5 милиони), Фајзер (пет милиони), Џонсон и Џонсон (пет милиони), Кјурвак (2,9 милиони) и Модерна (два милиона).

Здравствените власти во земјата проценуваат дека за „колективен имунитет“ е доволно да се вакцинираат 60-70 отсто од населението.

И покрај подобрувањето на епидемиолошката ситуација во Белгија по сите параметри, здравствените работници предупредуваат дека се уште се под голем притисок, а евентуален трет бран на пандемијата во јануари би бил „катастрофален“.

Во изминатата една недела во Белгија просечно се потврдени 2.300 новозаразени на дневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во земјата од коронавирус се заразени 582.252 лица, а починале 16.911 пациенти.

НАШ ПРЕДЛОГ

Откако Бугарија нè изигра – Вучиќ ќе ни даде 8.000 вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне со 8000 вакцини од „Фајзер“. „Имам...

Полицијата казни пратеник кој додека возел зборувал на мобилен

Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачиле платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на...
Skopje
clear sky
0 ° C
0 °
0 °
47 %
4.1kmh
0 %
Mon
-1 °
Tue
2 °
Wed
4 °
Thu
5 °
Fri
5 °