Бензините во земјава од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, додека дизелот бележи поскапување од истата сума, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Оваа промена резултира со намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.
Според новата одлука, малопродажните цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 75 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98: 77 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 73 денари за литар
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1): останува 69,5 денари за литар
Малопродажната цена на Мазут М-1 НС се намалува за 0,756 денари за килограм и ќе изнесува 34,865 денари.
РКЕ објаснува дека промените се резултат на движењата на светските цени на нафтените деривати – бензините бележат намалување од 1,335 отсто, дизелот поскапување од 1,379 отсто, екстра лесното масло намалување од 0,51 отсто, а мазутот пад од 3,089 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,0455 отсто.