Македонија

Беровчанец фалсификувал 200 долари, па сакал да ги замени за 10 илјади денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Б. (36) од с.Смојмирово, Берово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 23/24.06.2022 пријавениот пуштил во оптек две  фалсификувани  банкноти, во вредност од по 100 американски долари, со исти сериски број, притоа давајќи ги во замена за 10.000 македонски денари на В.В. од Берово, кој откако се обидел да ги замени во банка во Берово, било утврдено дека банкнотите се фалсификувани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни