Утрово во земјава се измерени ниски минимални температури, кои се движат од -2 до 7 степени. Најстудено беше во Берово со -2°C, додека во Струмица и Крива Паланка утринските температури достигнаа 1°C. На пунктовите Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола се измерени 2°C, а 3°C во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп. Во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови Анови минималната температура утрово изнесуваше 4°C, во Демир Капија 5°C, додека највисоки 7°C се забележани во Виница.
Според прогнозата, денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во западните делови од државата се очекува повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужните правци.
Дневните температури ќе се искачат и ќе се движат меѓу 10 и 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Ќе дува умерен, а во делови од котлината и повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 13 степени.