Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Бесерменји: Граѓаните во Србија ги боли што нема одговорност за трагедиите

Бесерменји: Граѓаните во Србија ги боли што нема одговорност за трагедиите

Чувството дека никој не одговара за трагедиите што ја потресоа Србија дополнително ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите. Ова е една од пораките што ги упати новинарот Игор Бесерменји, кој директно од Белград се вклучи во отвореното студио на 4ТВ.

Осврнувајќи се на причините за зголемената граѓанска активност, Бесерменји рече дека незадоволството одамна ги надминало рамките на класичните политички поделби. Според него, студентските протести и изборната мобилизација се поврзани и со прашањето за одговорноста на институциите за трагичните настани во земјата.

Како особено значаен пример ја посочи трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Бесерменји истакна дека граѓаните се незадоволни бидејќи, според неговите зборови, и по подолг период немаат чувство дека одговорноста е утврдена и дека постапките напредуваат соодветно.

„Тоа е она што најмногу ги боли граѓаните – фактот дека по трагедијата во Нови Сад немаат чувство дека некој одговара за слученото“, посочи Бесерменји.

Тој додаде дека ваквите настани ја засилуваат перцепцијата кај граѓаните дека сериозни пропусти можат да останат без соодветни последици. Според него, токму ова чувство на неправда е еден од факторите што ја поттикнуваат граѓанската мобилизација и барањата за промени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни