Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Бесерменји од Белград: Србија бележи историска излезност, студентската листа ги мотивираше граѓаните да гласаат

Бесерменји од Белград: Србија бележи историска излезност, студентската листа ги мотивираше граѓаните да гласаат

Србија бележи исклучително висока излезност на предвремените парламентарни избори, а големиот број граѓани кои излегоа на гласање е поврзан и со мобилизацијата што ја предводеа студентите во изминатите две години. Ова го истакна новинарот Игор Бесерменји, кој директно од Белград се вклучи во отвореното студио на 4ТВ.

Во разговорот, Бесерменји посочи дека се очекувала висока излезност, но дека бројките што се забележуваат на терен упатуваат на историско ниво на учество на граѓаните во изборниот процес.

„Знаевме дека излезноста ќе биде многу висока, но мислам дека ова што сега можеме да го видиме во бројки е навистина значајно“, истакна Бесерменји, додавајќи дека се очекуваат официјалните податоци за излезноста по затворањето на избирачките места.

Според неговите процени, до 19 часот на гласање излегле повеќе од 69 отсто од граѓаните, иако нагласи дека не станува збор за конечна и потврдена бројка.

Бесерменји оцени дека големата излезност е резултат и на ангажманот на студентите, кои во изминатите две години биле меѓу главните двигатели на општествените случувања во Србија. Според него, студентската листа успеала да поттикне дел од граѓаните кои претходно не гласале да се вклучат во изборниот процес.

Тој посочи дека токму мобилизацијата на младите и активирањето на досегашните апстиненти се меѓу најзначајните аспекти на овие избори.

Изјавата беше дадена во момент кога избирачките места во Србија официјално требаше да се затворат во 20 часот, со можност да гласаат и граѓаните кои во тој момент сè уште чекале во ред.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни