Градскиот паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие „Билјанини извори“ утре, 7 јануари ќе биде бесплатен за сите корисници.
– ЈП „Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање и во таа насока ја донесе оваа одлука. Им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет, соопшти претпријатието.