Македонија

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ соопшти дека паркирањето за новогодишните и божиќните празници ќе биде бесплатно.

– Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2023 година (недела) и 02.01.2023 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2023 година (вторник) со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави новогодишни празници, соопштија од ЈП ПОЦ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни