Луксузен живот, забави во светските метрополи, познати пријатели, трошење пари на лесни работи, сето тоа го прави животот на најбогатата наследничка Парис Хилтон.
Сепак, и кај неа не беше сè одлично и баснословно.
Парис Хилтон неодамна во својот документарен филм „Ова е Париз“ зборуваше за ужасно малтретирање за време на нејзините тинејџерски денови.
Бидејќи нејзините родители ги поседуваат хотелите Хилтон низ светот, Парис не морала да се снаоѓа за својот живот, па затоа брзо ја нарекле разгалена богаташка. Огромното богатство и вишокот слободно време ја доведоа да биде кралица на ноќниот живот во младоста, а поради таквиот начин на живот често ги красеше насловните страници. Како што минуваа годините, сè одеше кон тоа како Парис да се смирува, но во 2007 година таа се искачи на врвот. Парис Хилтон потоа заврши во затвор поради прекршување на условната казна и возење на автомобил за кој претходно и беше одземена возачката поради возење под дејство на алкохол.
Секако, јавноста уживаше во некои скандали кои не беа пожелни за семејство со таков социјален статус, но токму кога размислуваа како Парис „живее“ на забавите, родителите имаа што да слушнат и видат. Во јавноста протече видео од секс со поранешното момче Рик Саломон.
Сте слушнале повеќе или помалку за овие работи досега, но веројатно не сте слушнале за злоставувањето кое го претрпела во тинејџерските денови.
„Тоа требаше да биде училиште, но учењето не беше на прво место. Од моментот кога станав до крајот на денот, сите ми викаа, ми врескаа во лице, доживував постојана тортура. Персоналот ми кажуваше страшни работи. Ме малтретираа, правеа се за да се чувствувам лошо. Мислам дека целта им беше да не скршат сите. Бевме физички малтретирани, тепани и давени. Сакаа да не заплашат, за да не се бунтуваме. Бев дете и ме фрлаа во самица, ме тепаа, ме понижуваа и ме гледаа гола“, изјавила Парис во својот документарен филм по 20 години.
Иако многумина сè уште ја гледаат како разгалена ќерка на Хилтонови, Парис почна да се бара во модните води, таа беше модна дизајнерка, актерка, готвачка, а неодамна и диџеј која за својот настап заработи милион долари, што дефинитивно ја лансираше меѓу некои од најплатените музичари, и покрај нејзиниот талент.
Да потсетиме, по порно видеото кое протече во јавноста, Парис речиси целосно ја загуби довербата во спротивниот пол, но претприемачот Картер Реум ја убеди во спротивното. Картер и Парис го кажаа судбоносното „да“ во 2021 година, а меѓу гостите имаше место и за нејзината поранешна најдобра пријателка Ким Кардашијан.
