Без струја неколку населени места во околината на Скопје

Од ЕВН Македонија АД информираат дека без електрична енергија ќе останат делови од Скопје и неколку населени места во околината на градот.

  • Во периодот од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од ул.1520 во населба Пинтија
  • од 08:45 до 10:00 часот, корисниците на дел од селата Горно, Средно и Долно Коњари, Сушица , Живиње, Дивље, Чифлик
  • од 08:00 до 15:30 часот, корисниците на дел од дел од село Ракотинци
  • од 08:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од ул.3, ул.11 село Кадино
  • од 10:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од Објектите на Асвалтна база „Гранит“ и ЈКП Водовод во нас. Карпош 4, на Булевар „Илинден“.