ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека денеска поради дефект на водоводна цевка со дијаметар од 150 милиметри на улицата „16-та Македонска Бригада“, во близина на Ветеринарната болница, ќе има прекин на водоснабдувањето во дел од градот.
Без вода ќе останат корисниците на улиците: Ташко Караџа, Јани Лукровски, Трифун Хаџијанев, дел од улиците Бапчор и Христо Ботев, како и високата зона Автокоманда.
Од претпријатието соопштуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 06:30 часот, сè до завршување на теренските активности за отстранување на дефектот.