Грижата за растенијата се интензивира во текот на зимата, особено ако сакате повторно да ја дочекаат пролетта и топлите денови. Еве неколку многу корисни совети како да ги третирате вашите растенија за да останат здрави и да напредуваат во текот на зимата.
Прво проверете ги!
Уверете се дека вашите растенија се здрави пред да ги внесете во куќата, а ако има исушени лисја или гранчиња, искинете ги и фрлете ги. Полесно ви е да ги надополнувате растенијата т.е. додајте им ѓубриво додека се надвор, наместо кога ги внесувате во куќата. Искористете го овој потег, па направете го тој дел од работата и тогаш вие и цвеќињата бидете мирни до пролет.
Треба да најдете соодветно место за нив
Можете да чувате цвеќиња во ходникот ако имате простор за растенија, но само ако до нив допира светлината, бидејќи повеќето видови цвеќиња сакаат да бидат изложени на сончева светлина.
Во зима, не полевајте ги премногу често
Веќе не мора често да ги полевате цвеќињата, како што правевте во текот на летото. За повеќето видови, наводнување двапати неделно е доволно, а за некои само еднаш. Притоа внимавајте цвеќињата да не се полеваат со вода од чешма, туку со вода на собна температура.
Погрижете се цвеќињата и лисјата од соседните саксии да не се допираат.
