На социјалните мрежи се споделува видео кое предизвика неверување кај многумина. На видеото се гледаат суви кора од пченка кои во Германија се продаваат за дури 9,99 евра или за 7,99 кога се во продажба. Во пакувањето има околу 15 парчиња, пренесува Пословни дневник.
Тоа е дрвенестиот центар на пченката што останува по отстранувањето на зрната од кочанот, а кој кај нас најчесто се фрла или се користи за палење оган. Во Германија тој исчистен клип може да се најде во продавниците, а според амбалажата се продава за палење оган и кај нив тоа е вообичаена практика. Според описот на производот, тие се користат како одличен стартер за пожар, обезбедувајќи брзо и долготрајно палење и се препорачуваат за скара, печење, па дури и како замена за запалка за камин. Видеото предизвика лавина од коментари.
„Го видоа профитот, затоа има многу Балканци“, „Имам вака всело во село, не сум ни знаел дека сум милионер“, „А еве се трошиме, оган на скара, дај ни коцки…“, се само дел од коментарите на изненадените корисници на социјалните мрежи.
– Кога бев дете, ова беа нашите бомби – напиша некој.
U Nemačkoj se prodaju ostaci klipa kukuruza.
Komiljka ili kočanjka ili čutka kako se već u kom kraju Srbije zove
15ak kom za 8,-€
😂😂🤦🏻♂️🤦🏻♂️🤦🏻♂️ pic.twitter.com/ookO9ZWiON
— A.N. ꒌ (@biznislab) April 24, 2023
