Државните власти на Босна и Херцеговина и двата тамошни ентитети најавија продолжување на забраната за извоз на дрвени асортимани, тркалезно дрво и пелети до крајот на март 2023 година, со цел да се ограничи неговата цена и да им се помогне на граѓаните и економијата.
Како што беше соопштено денеска по средбата на министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац, со претставници на ентитетите, било констатирано дека е неопходно да се забрани извозот на пелети на подолг временски период, а проценките укажуваат дека ова треба да се направи до 31 март следната година.
„Треба трајно да се забрани извозот на тркалезно дрво“
Извозот на тркалезно дрво, од друга страна, треба трајно да се забрани, според мислењата на државните и ентитетските министерства во БиХ. И покрај претходните мерки за забрана за извоз, цените на пелетите за огревно дрво не се значително променети, потврди министерот Кошарац.
Сведоци сме дека производителите на пелети имаат игнорантски однос, односно не покажуваат општествена одговорност кон населението“, рече министерот. Тој најави дека властите може дополнително да ги ограничат маржите и да одредат највисоки цени за пелетите за домашна употреба.