Биланс од маглата: Дури 20 летови откажани денеска, но сообраќајот профункционира – слетаа авиони од 13 дестинации

Битката со маглата на Скопскиот аеродром продолжува, но ситуацијата попладнево и вечерва бележи раздвижување. Од ТАВ Македонија излегоа со најновиот пресек на состојбата заклучно со 20:00 часот (21 декември 2025).

Иако авиосообраќајот се одвиваше под силно влијание на намалената видливост, дел од авиокомпаниите успеаја да ги реализираат своите операции.

Биланс од полноќ до 20:00 часот:

Статистиката за денешниот ден изгледа вака:

  • ОТКАЖАНИ: Вкупно 20 летови (полетувања и слетувања).
  • ПРЕНАСОЧЕНИ: 2 лета завршиле на други аеродроми.
  • УСПЕШНИ СЛЕТУВАЊА: 13 авиони успеале да слетаат во Скопје (од Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз-Буве, Берлин, Минхен-Меминген, Цирих).
  • УСПЕШНИ ПОЛЕТУВАЊА:13 авиони полетале кон своите дестинации (Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел, Барселона).
    • Најава: Се очекува реализација и на летовите за Рим (Фјумичино) и Малме.

Апел до патниците: Следете ги авиокомпаниите

Од Меѓународниот Аеродром Скопје појаснуваат дека аеродромот е отворен и сите системи се во функција 24/7, но одлуката за летање зависи од самите превозници.

„Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките кои ги добиваат директно од нивната авиокомпанија“, велат надлежните.

Патниците можат да ги следат промените во реално време на официјалната веб-страница: skp.airports.com.mk или да се обратат на телефонскиот број за информации: +389 2 3148 333.