Со длабока жалост ве известуваме дека денес, на 4 Јануари 2023 година, почина д-р Вангел Тодоров, специјалист педијатар, основач и сопственик на ПЗУ „Д-р Вангел“.
Ќе остане запаметен по исклучителната стручност, ведриот дух и посебната посветеност на здравјето на децата се до последните моменти од неговиот живот.
Остави неизбришлива трага во здравството, а посебно во педијатријата на градот и
пошироко.
Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата на храмот Св. Димитрија на 5 Јануари 2023 година, од 10.00 до 13.00, каде во 13.00 ќе биде одржано и опелото.
Погребот ќе биде на гробиштата Света Недела во Битола.