Битолчанец доби кривична пријава: Незаконски повлекол 18.550 долари и 11.750 евра

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното