Битолчанец физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга

На 15 јануари 2026 година, СВР Битола изврши службен разговор со А.П. (34) од Битола, по претходна пријава дека околу 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава согласно законските прописи.