Бизнисмен од Штип фатен како краде струја – направил штета во износ од 364.658 денари

Тимот на Електродистрибуција, специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија, утврдил сомневање за кражба на струја во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип.

Инцидентот се случил на улицата „Борко Талев“, каде сопственикот манипулирал со сите три фази на броилото. За случајот е составен записник за неовластено користење, а до Министерството за внатрешни работи е поднесена пријава според член 235-а од Кривичниот законик.

Дополнително, изготвена е фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари. Министерството за внатрешни работи го документирало случајот.