Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Блерим Река со своето гостување во дебатната емисија „Click Plus“ на ТВ21 е најгледан политички магазин во изминатиот период на интернет.
Податоците кои ги зедовме од социјалната мрежа Фејбук, потврдуваат дека Блерим Река со 27000 прегледи е на врвот на гледаност доколку се спореди со останатите дебатни емисии на другите телевизии.

Позади него остануваат интервјуто со против кандидатот Гордана Силјановска Дафкова на Алсат во емисијата „360 степени“ со гледаност од 23.000.

По Дафкова следува вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, кое го гледале 13.300 гледачи.
Веднаш по Заев следува лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера беше гостин во Вестите на Сител телевизија. Неговото гостување било погледнато 10.000 пати.

Најдолу на листата, со најмалку прегледи е гостувањето на Стево Пендаровски во 1ТВ, кое го погледнале само 4400 гледачи.

ТВ21 силно почна да го следи примерот на светски телевизии и се поагилно и подинамично ги користи социјалните мрежи за брзо, точно и проверено пренесување на информациите.