Македонија

Блерим Река собра 10 илјади потписи: „Со политизирано судство и амнестија, не се оди во ЕУ“

Универзитетскиот професор Блерим Река собра 10 илјади потписи, а со тоа ја официјализираше неговата кандидатура за претседателските избори. Тој рече дека се разликува од другите двајца кандидати. За кандидатот на коалицијата, Пендаровски, рече дека промовира погрешен концепт, а за Силјановска вели дека имаат спротивни гледишта во одност на Преспанскиот договор.

-Во споредба со кандидатурата на г. Пендаровски чие мото е Општество за сите, јас се разликувам велејќи дека државата е за сите. Не е доволно општество за сите граѓани да бидат еднакви. Република Северна Македонија е на сите. Северна Македонија е мултиетничко општество според демографијата, но за жал ниту во 2019 според формата не е мултиетничка држава. Што се однесува до кандидатурата на професорката Силјановска, се разликувам според поентите кои таа ги истакнува во нејзината кампања, дека е против Охридскиот и Преспанскиот договор. Јас, напротив, велам дека Преспанскиот договор е вин – вин избор.-рече Река.

Поддршка дадоа и двете опозициски партии, Движење Беса и Алијанса за Албанците.

-Кандидатурата на професорот, има симболика на кандидатура зад која треба да застанат сите политички субјекти, како што застана Алијанса за Албанците и Движење Беса, бидејќи е олеснување на најсовршената идеја и симболика на тоа што не се употребува од страна на политичките опоненти.-рече Зијадин Села.

-Со поддршка на кандидатурата на професорот Река, ние сакаме да испратиме порака, дека сакаме претседател а не политички послушник, не татко само за дел од граѓаните, а друго за останатите граѓани. Сакаме рамноправен претседател – изјави Биљал Касами.

Кампањата за претседател започнува на 1 април, првиот круг изборите се одржува на 21 април а вториот на 5 мај. До сега во ДИК официјални се само три кандидатури, а крајниот рок за доставување на кандидатурите е 9 март.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни