Македонија

Блерим Река собрал 11 илјади потписи, неговата кандидатура за претседател е официјализирана

Независниот кандидат за претседател на државата, професорот Блерим Река, поддржан од опозициските партии, Алијанса за Албанците и Движење Беса, како што известуваат од Централниот штаб на кандидатот за Претседател, за помалку од 15 часа собрал 11 илјади потписи и со ова неговата кандидатура е официјална.

Треба да се напомене дека за помалку од 15 часа, г-дин Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура. Им се заблагодаруваме на структурите на политичките партии, на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи. Им се заблагодаруваме на сите граѓани за нивната поддршка: во вашата посветеност, ја наоѓаме нашата храброст! – се вели во соопштението на Централниот штаб на кандидатот за претседател, Блерим Река

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни