Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четврток ќе одржи говор во кој ќе ја образложи американската политика кон Кина, соопшти Стејт департментот.
Блинкен ќе говори на Универзитетот Џорџ Вашингтон во главниот град на САД на настан организиран од тинк-тенк организацијата Asia Society. Неговиот говор е закажан за 10 часот по локално време.
Се вчитува...
Државниот секретар првично требаше да го одржи својот говор пред три недели, на 5 мај, но тој беше одложен откако Блинкен беше позитивен на КОВИД-19.
