Револтот поради енормното загадување вечерва се прелеа на улиците. Група граѓани организираа предупредувачка блокада на една од најфреквентните сообраќајници во Скопје, барајќи итни мерки за чист воздух.
Сообраќајот беше во прекин на раскрсницата помеѓу булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска). Граѓаните со транспаренти порачаа дека трпението е при крај додека градот се гуши во смог.
Се вчитува...
„Не застануваме тука“
Организаторите испратија јасна порака до властите:
- Вечерва беше само предупредување.
- По завршувањето на празниците, протестите ќе продолжат со поголем интензитет и масовност, сè додека не се спроведат конкретни мерки против загадувачите.
