Македонија

Блокади на граничните премини Евзони и Ники кон Македонија

Блокади на граничните премини Евзони и Ники кон Македонија

Граничните премини кон Македонија и Бугарија повторно се блокирани поради протестите на грчките земјоделци, кои продолжуваат со засилените активности низ цела Грција.

Според најавите, граничниот премин Евзони кон нашата земја денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај на сите возила во два термина – од 12 до 16 часот по локално време и повторно од 18 часот попладне.

Дополнително, на граничниот премин Ники, исто така кон Македонија, сообраќајот ќе биде во прекин од 19 до 23 часот, но исклучиво за товарни возила.

Блокади се најавени и на другите гранични премини на северот на Грција.

Земјоделците во Грција ги интензивираат протестите откако ја одбија поканата на грчкиот премиер за средба, која беше планирана за попладнево.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни